На натпреварот од МЛС лигата меѓу Атланта Јунајтед и Торонто, забележана е несекојдневна ситуација која ја насмеа локалната фудбалска јавност, а голманот Лука Гавран се избрука!Во последните секунди од играта, односно во седмата минута од судиското надополнување, Лука реагираше крајно несериозно и прими гол каков што не се гледа толку често.Наместо само да ја „шутира“ топката, поради неговото невнимание дозволи таа да заврши во неговата мрежа.Џемал Тијаре се сокри зад него, чекаше голманот да ја испушти топката и потоа дојде најлесниот дел од работата – побегна од чуварот на мрежата и ја затресе празната мрежа.Тој натпревар Атланта го доби со резултат 2:1, па овој пораз од Торонто дефинитивно оди на душата на Лука Гавран.
🤯 Нападающий «Атланты» из МЛС остался попить воды в чужой штрафной, а в итоге забил победный на 97-й минуте pic.twitter.com/4y38GvdYr8— Спортс” (@sportsru) June 30, 2024