(НЕ)РЕАЛНА СЦЕНА ВО ИТАЛИЈА – Фудбалерот на Сампдорија го “давеше“ легендарниот Андреа Пирло

Фудбалерот на Сампдорија, Себастијан Еспосито дојде до израз поради неговата несекојдневна прослава на гол.

Жртва на неговото славје е тренерот на Сампдорија, легендарниот Андреа Пирло, кој на своја кожа почувствува нешто што веројатно досега не го доживеал.

Себастијан Еспосито вчера постигна два гола, а по вториот гол не можеше да ги контролира емоциите и почна да го „гуши“ тренерот, па многумина на почетокот не разбраа за што се работи, а тој момент можете да го погледнете ⬇⬇⬇.

Сампдорија и по вчерашната победа е на претпоследното место во Серија Б со 19 бодови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.