Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 11 април 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание објавуваме:
– Охридска архиепископија е жртва на поголема игра на Русија за која валканата работа ја одработува Православната црква на Србија, добивте лажен томос – прво интервју за македонски медиум на десната рака на вселенскиот патријарх Вартоломеј и одговорен за нашето црковно досие, митрополитот Кирил;
– По неколкуте стории на „360 степени“ кои укажаа на спорни аспекти, Здравство го поништи тендерот за набавка на 22 амбулантни возила;
– Анализа на слоганите и ударните пораки на претседателските кандидати во изборната кампања;
– Укинување на балансерот – изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ: што мислат другите политички партии;
– Како притисокот на граѓанско-верски организации против родова еднаквост се покажа пресилен за некои локални власти;
– Нова „Саботажа“.