Ноќеска околу полноќ додека во живо течеше поткастот „Тешки муабети“ со Александар Митовски Миош Милошевски и Стевче Јакимовски и штотуку најавија дека преминуваат на актуената тема со мигрантите главниот уредник Митовски побара да ја прекинат емисијата оти некој силно тропа на вратата на студиото.
Мечка и Мичо на почетокот на емисијата синоќа кажале дека вообичаено пред студиото и куќата на Митовски во која е и студиото постојано има како што тврдат лица кои ги следат а претходната вечер кога завршиле околу 1 и 15 по полноќ пред студиото имало две лица во возило ауди кои сликале отишле и ги прашале што бараат но тие без одговор си заминале.
Ноќеска пак лице за кое тие тврдат дека е „партиска будала“ја скршило вратата на студиото а тие веднаш ја прекинаа емисијата и кажаа дека едно лице од нападот успеале да го задржат и повикале полиција.
На фејсбук се огласи сопственикот и главен уредник на популарниот поткаст Александар Митовски и еве што наиша
Александар Митовски
38 мин.·
Партиска буала само што насилно влезе во редакцијата на Инфомакс и во мојот дом.
Се е снимено, и нападот и упадот и насилството.
Дечките од полиција брзо реагираа.
За се останато, ќе ја тераме до крај.
Продолжуваме со емисијата по полициските процедури.
Тие тврдат дека целиот напад на студиото и домот на Митовски е снимен а полицијата реагирала брзо.
,
,https://m.youtube.com/watch?v=A-VkEKOWiSg&t=4304s&pp=2AHQIZACAQ%3D%
Пронајдете не на следниве мрежи:


