Бентен е најниската и најбезбедната планина во земјатаЈапонија е земја на чудата, во вистинска смисла на зборот, а таму ќе ја најдете и планината Бентен, која тврди дека е најниската во земјата.Се наоѓа во префектурата Токушима, среде плодни полиња и е висока 6,1 метар. Неговиот дијаметар е 60 метри, а на човекот му се потребни шеесет секунди за да го достигне врвот.Бентен е една од најниските природни планини во светот, а секоја година ја посетуваат илјадници туристи, пренесува Oddity Central.Некои добиваат предизвик да го „освојат“ врвот, други доаѓаат да се восхитуваат на вегетацијата.Планината Бентен официјално се отвора за туристи на 1-ви јуни, па гостите можат да се искачат на врвот.
Тука традиционално се организира натпреварот „Прво новогодишно искачување“, а сертификат добиваат сите посетители кои ќе го достигнат врвот од 6,1 метар.Малена планина е домаќин на бројни настани – од музички фестивали до свадбени церемонии.Бентен е и најбезбедната планина во Јапонија, бидејќи никогаш немало несреќи или случаи на исчезнати лица.За споредба, највисоката планина во Јапонија, Фуџи , е висока 3.776 метри
Пронајдете не на следниве мрежи: