(ВИДЕО) Ова е вилата на Јокиќ вредна 4,5 милиони долари: Има 29 соби и кино со 12 седишта

Никола Јокиќ постојано е во фокусот на американските медиуми бидејќи е еден од најдобрите кошаркари кој со својот Денвер Нагетс сезонава се бори за титулата шампион во НБА лигата, но често се пишува и зборува за неговите активности надвор од теренот. Некогаш се трки со коњи, некогаш скапи автомобили, а сега тема на порталот Realtor стана вилата на Јокиќ во Чери Хилс, предградие на Денвер.Порталот Realtor потсети на импресивниот петгодишен договор на Јокиќ вреден 270 милиони евра, но и на вилата со 29 соби на 10 километри од Денвер. Српскиот кошаркар го купи кон крајот на 2021 година за 4,5 милиони долари. Освен ова, Јокиќ поседува куќа во Сомбор, каде што гради уште една куќа.Приватниот имот на Јокиќ во Денвер се простира на 12.000 квадратни метри, а вилата, покрај 29 соби, има и приватно кино со 12 седишта, огромен базен, теретана и апартмани за гости. 

Пронајдете не на следниве мрежи: