И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се прошета до Дубаи. Деновиве тој е во посета на ОАЕ кое станува преферирана дестинација на нашите политичари. Тој сподели информација и видео од неговата посета.
„Деновиве на покана на министерот за внатрешни работи присуствувам во Обединетите Арапски Емирати, каде што учествувам на Светскиот полициски самит во Дубаи, на кој ќе имам и свое обраќање.Во рамки на оваа посета, остварив билатерална средба со министерот за внатрешни работи на ОАЕ која е наша втора средба за кратко време, што е уште еден показател за интензивирање на односите и заемната доверба меѓу двете држави.Разговаравме за унапредување на стратешката безбедносна соработка, особено во доменот на борбата против транснационалниот организиран криминал, тероризмот и новите безбедносни закани кои не познаваат граници,“ соопшти Тошковски.
Иако јавноста не гледа смисла во овие патувања при што речиси нема кој од блиското опкружување на премиерот што не замина во ДУбаи, и иако Македонија е се позадолжена а стандардот вртоглавно оди надолу, впечаток е дека се користат сите можни настани во странство за да патува и да се земаат дневници од буџетот.
Фокусот беше ставен на операционализација на веќе потпишаниот договор за безбедносна соработка, преку формирање на заеднички оперативни тимови и размена на информации.
Обединетите Арапски Емирати остануваат еден од нашите партнери во глобалната безбедносна архитектура, а оваа средба е уште еден чекор напред во тој заеднички ангажман“, се вели во објавата на министерот Тошковски на фејсбук.