ВИДЕО ОД ГРАНИЦАТА ЈА ШОКИРА АМЕРИКА: ГРУПА вооружени луѓе ја пробиле границата ОПРЕМЕНИ СО ПАНЦИРИ И ПУШКИ НА ГОТОВ

Тројца вооружени мажи за кои се верува дека се членови на мексикански картели се видени како поминуваат преку границата во САД.

ВИДЕО ОД ГРАНИЦАТА ЈА ШОКИРА АМЕРИКА: ГРУПА вооружени луѓе ја пробиле границата ОПРЕМЕНИ СО ПАНЦИРИ И ПУШКИ НА ГОТОВ

Локалните медиуми објавија дека на снимката се гледаат тројца мажи, од кои едниот носи панцир, како се пробиваат во јужен Тексас во близина на Фронтон во саботата со пушки на готовс.

„Припадниците на елитната тактичка единица на граничната патрола го истражувале местото на илегалниот премин, но ништо не пронашле“, пренесува Фокс њуз.

Медиумите потсетуваат дека во сличен инцидент во јуни, петмина осомничени членови на Картелот дел Норесте беа уапсени во истата област, откако илегално ја преминаа границата вооружени со пушки и тактичка опрема.

Нелегалните преминувања доаѓаат помалку од една недела откако ренџерско беспилотно летало на патролен лет во близина на Игл Пас забележа човек кој носел пушка додека водел група мигранти преку Рио Гранде во Тексас.

„Неидентификуваното лице се вратило во Мексико пред да биде уапсено“, изјави портпаролот на Одделот за јавна безбедност.

Во обид да се бори против илегалното преминување на шверцери и мигранти преку Рио Гранде, републиканскиот гувернер на Тексас Грег Абот одобри поставување на контроверзна бариера во реката за да се спречат потенцијалните гранични премини.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден, сепак, го тужеше Тексас во јули поради инсталирањето на пловечката бова во обид да го принуди Абот да ја отстрани од Рио Гранде, кој служи како меѓународна граница меѓу Мексико и САД.

Мексиканската и американската влада ја делат контролата над реката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.