Патнички автобус се преврте во Кочани, а најмалку 6 лица завршија во болница.
Несреќата за која се уште нема никакви конкретни информации се случила вчера доцна попладнето, на самиот влез во Кочани.
Автобусот сообраќал од Штип кон Кочани, а според првичните податоци, до несреќата дошло кога возачот се обидел да избегне возило кое излегло пред него, при што изгубил контрола и излетал надвор од патот во шанец длабок 10-тина метри.
Најмалку 6 лица се пожалиле на повреди, при што посериозно повредени се две жени. Сите се префрлени во Кочанската болница, но податоци за нивната состојба засега нема.