Од што се уплаши Максим Димитриевски, па и нареди на неговата претседателка на Советот на општината да ми го исклучи микрофонот на последната седница? – прашува советничката во Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска.
– Од вистината, која е како шило и пак ќе избие колку и да не гасат, цензурираат и надгласуваат!!!
На барање на моите сограѓани, ја објавувам мојата дискусија од последната седница, за жал без звук во последните пет минути, кој уплашени го исклучија.
Погледајте го следново видео, а за последните факти, без грижа, нема да ги сокријат! Ќе ги повторам јас на следната седница за советнички прашања! – напиша советничката.