(Видео) Османи открива ексклузивни детали од преговорите: Бугарија бараше да кажеме дека македонскиот јазик е бугарски, па ја добивме 100:0 по прашањето за јазикот!

Како поминува времето ќе видат дека ниту ние сме правеле нешто надвор од можното, ниту било кој вклучен во процесот е предавник, без разлика дали е Албанец или Македонец, истакна во гостување во подкастот „Политиканти“ поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, во врска со преговорите за членство на Македонија во ЕУ и познатиот „Француски предлог“.

– 90% од енергијата во дискурсот со Бугарија ни беше прашањето со јазикот. Луѓето не го знаат тоа, тоа не беше јавно, но сѐ се вртеше околу јазикот. Одиме во Софија, ненајавено протоколот ми кажа дека премиерот Борисов сака да ме види, рече Бујар, седнете со Кате (Екатерина Захариева) , напишете нешто и да завршиме со оваа работа. Му се јавувам на Заев, реков изгледа завршивме со работа. Одам кај Захариева, гледам плик на маса, рече напишавме нешто, јас ги кажав моите позиции, во пликот имаше подготвен договор. Во член 1 пишуваше дека државите се согласуваат дека македонскиот јазик е со бугарско потекло… За бугарската позиција во основа беше јазикот, истакна Османи.

Османи истакна дека е изнанеден од изјавата на премиерот Мицкоски дека прашањето со Бугарија треба да се решава по примерот на Преспанскиот договор.

– Во тој дискурс во кој клучна црвена линија и за нас и за Бугарија беше прашањето за јазикот, ние успеавме 100% да го добиеме тоа прашање. Значи не компромис, туку 100% го добивме. Ние успеавме со американска помош да ја превртиме ситуацијата. Ја префрливме топката во наша половина, во малцински прашања, ние брилиравме по тоа прашање. Парадигма на тие човекови права беа уставните измени и се сведе Францускиот предлог на чист јазик и уставни измени, значи третирање на 3.000 Бугари во Македонија, а не на идентитетски прашања, објасни поранешниот министер.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.