(Видео) Пендаровски му одговори на Мицкоски: Еве со кого ја водам кампањата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Кичево одговори на прозивките од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за тоа како ја води кампањата.

„Главната опозициска партија ме критикува дека на моите митинзи само јас зборувам и велат дека Стево бил оставен потполно сам. Сега ќе ве замолам да им кажеме дека јас сум бил секој пат и секој пат ќе бидам со народот, затоа повелете сите на бина”

По ова, дел од присутните граѓани се качија на бината заедно со Пендаровски. Кичево вечерва испрати порака дека е за втор претседателски мандат за Пендаровски.

Пронајдете не на следниве мрежи: