Видео: Петмина загинаа при пад на авион во Белгија

Пет лица, меѓу кои три деца, загинаа во сабота, при пад на авион „цесна” на аеродромот во градот Шарлоа, на југот на Белгија.

По несреќата, аеродромот беше затворен неколку часа, јави AFP.
Двајцата возрасни и трите деца биле од исто семејство, соопшти полицијата.
Новинската агенција на Белгија јавува дека авионот имал проблеми при полетувањето и дека се вратил на аеродромот, но се урнал во близина на пистата, кога се обидел да слета.
Засега нема информации што го предизвикало падот на авионот.
Макфакс
Пет лица, меѓу кои три деца, загинаа во сабота, при пад на авион „цесна” на аеродромот во градот Шарлоа, на југот на

Пронајдете не на следниве мрежи: