(Видео) Пешевски: Итно зголемување на платите на работниците во приватниот сектор!

Приватниот сектор во Македонија е главен двигател за економската состојба на државата. Приватниот сектор е нешто што мора веднаш да се подобри со квалификуван кадар и млади луѓ, истакна на денешната прес-конференција Потпретседателот на ССМ за приватниот сектор Иван Пешевски.

Но, за овие две работи потребни се достоинствени односно безбедни услови за работа и повисоки плати. Повисоки плати не се 500 евра плата туку 500 евра минимална плата која ќе се множи со коефициентот на сложеност за да платите во овој сектор надминат 50 и 60.000 денари. Онолку колку што минимум треба да земаат вработените во приватниот сектор особено вработените во трудо-интензивните дејности. Ова наше барање се однесува на сите работодавачи од приватниот сектор особено оние кои пред некој ден се изјаснија дека недостасува кадар во државата.
Уште повеќе ќе недостасува доколку не зголемите плата. Со сета почит кон одредени работодавачи исто од приватниот сектор кој почитуваат и Закон и колективен договор па овие проблеми се оддамна надминати но тоа е сосема мал процент од вкупниот број вработени.
За овие вработени покрај вработените од јавниот сектор ССМ има поднесено низа пријави и обезбедено бесплатна правна помош особено засегнати во делот на неосновано намалени или воопшто неисплатени плати во законски рок, неисплатен регрес за годишен одбор, неосновано неисплатени додатоци на плата како минат труд итн.
За потсетување само во текот на 2024та година бесплатна правна помош и заштита добија 12.234 работници кои се обратија до ССМ и синдикатите здружени во ССМ.

Во делот протести и штрајкови би ги издвоил: Протест и штрајк во Македонски шуми, Пошта, Водостопанство, ЗК Пелагонија, Протестот на здравствените работници пред Мин.за здравство, Протест на УПОЗ пред Фондот за здравство, Фени индустри, МАНУ итн.
Овие протести и штрајкови вродија потпишување на колективни договори и исплата на плати.
Во меѓувреме, додека се разгледува барањето на ССМ за бројот на членови и репрезентативност на ниво на држава, пријавени се повеќе напади кон членовите на гранките во ССМ и притисоци за отчленување и фаворизирање на друг синдикат кој нажалост не бара зголемување на плати па се сомневаме дека затоа е омилен и на владата.
Нашиот апел е да не се наседнува на ваков тип притисок и членовите самоволно и доброволно веќе оддамна се определиле во кој синдикат ќе членуваат. Нашиот апел е сите работници и останати засегнати страни кои сметаат дека заслужуваат подобри услови за работа и повисоки плати да се приклучат на Првомајскиот протест на ССМ закажан во 11 часот точно од пред овој дом. За крај порачувам да работодавачите и Владата почнат вината да ја бараат во своите редови, а не во работниците, бидејќи ќе останеме и без тие работници кои сеуште даваат се од себе да се прехранат со своите семејства во Македонија.
Затоа, итно зголемување на платите особено на работниците во приватниот сектор.
ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА КОЈА ЌЕ СЕ МНОЖИ СО КОЕФИЦИЕНТОТ И ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ СИТЕ ОСТАНАТИ ПЛАТИ!

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: