Долго очекуваниот нов спот на Наташа Беквалац „Слушкиња“ синоќа премиерно е објавен на нејзината официјална Фејсбук страна.
Спотот за песната кој го направил Александра Милутиновиќ е снимен во Париз пред неколку недели. Бидејќи станува збор за емотивна женска балада, како и сама Наташа вели, спотот е суптилен и ненаметлив.
„Слушкиња е песна која сама посебе е ненаметлива. Таков е и спотот кој го снимивме во Франција. Градот на љубовта сам по себе е доволо инспиративен за оваа емотивна балада, па токму затоа избравме во неколку минути со мојата музика да ја доловиме магијата на градот“ вели Наташа.
Погледнете го спотот и песната :Долго очекуваниот нов спот на Наташа Беквалац „Слушкиња“ синоќа премиерно е објавен на нејзината офи