Во гаснењето на пожарот во текот на денот учествувале хеликоптери од Здружението на хеликоптери на Република Српска и вооружените сили на Босна и Херцеговина, а најавено е и пристигнување на хеликоптер од Србија, јавува РТРС.
Како што соопштија од општина Сребреница, и покрај тоа што Здружението на хеликоптери и Цивилната заштита на РС реагирале на првиот ден од пожарот, некои области биле недостапни за хеликоптери, па огнот повторно се проширил во текот на ноќта.
Заменик-командантот на противпожарната служба во Сребреница, Мујо Хасановиќ изјави дека во гаснењето на пожарот учествувале максимален број пожарникари.
„Исцрпени сме до максимум, дежураме 24 часа“, рече тој.