(Видео) Пожар во Чаир: Најмалку шест повредени, евакуирани се околу 100 лица

Најмалку шест лица се повредени во пожар кој утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир. Тие, според досегашните информации се пренесени на скопските клиники.

Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен, а биле евакуирани околу 100 лица. Во пожарот била зафатена продавница и магацински простор на Хомакс.

Евакуацијата се уште е во тек а поради густиот чад оневозможено е станарите да бидат евакуирани од влезната врата на зградата, па тоа во моментов тоа се прави со посебни скали и станарите се евакуираат од терасите и покривот на зградата.

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: