(Видео) Пожар кај аеродромот на Санкт Петербург, локалните власти јавуваат дека е соборен дрон

Голем пожар денеска избувна во индустриската зона во близина на рускиот град Санкт Петербург. Огнот брзо се проширил и зафатил подрачје од околу сто квадратни метри.

Пожарот зафатил и еден од хангарите на аеродромот Пулково. Поради огнот привремено беше затворен аеродромот. По локализирањето на огнот, аеродромот повторно е во функција.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека во пожарот повредени се две лица.

Сè уште не е познато што го предизвика пожарот, но според локалните власти во околината било соборено украинско беспилотно летало.

Пронајдете не на следниве мрежи: