сабота, 28 ноември 2026
Најново

(ВИДЕО) Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарот во Селце

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во денешната интервенција, која е на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како што информираат од Министерството за внатрешни работи учествуваа хеликоптери од типот Бел-412 и М171

Над 50 тони вода исфрлија двата полициски хеликоптера врз пожарот во атарот на селото Селце. Во денешната интервенција, која е на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) учествуваа хеликоптери од типот Бел-412 и М171.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Тие со прецизно дејствување исфрлија 50 тони вода,  во кординација со силите на терен, со цел стопирање на кракот што се движеше кон селото Селце“,

информираат од МВР.

Претходно денеска, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше дека во гаснењето на пожарот, кој пред четири дена започнал на Шар Планина во атарот на село Селце, а кој е сè уште активен ангажирани се два полициски хеликоптера. Вчера, покрај ренџерските тимови на Националниот парк „Шар Планина“, во гаснењето помогнале и тимови на Противпожарната единица на Тетово.

– Реклама –

Поврзани вести