Мојата ќерка беше жива, почина во болница, маж ми ја најде покриена со ќебе, легната на страна. Не ѝ е дадено кислород! – вели единствената жена пожарникар во Кочани, која е мајка на починатата Ивона.
– Кога ми се слоши немаше кислород, кога дознав дека ми е почината ќерката, вели мајката.
Родителите на децата велат којзнае дали им е даден кислород, фудбалерот Андреј Лазаров бил свесен и седел на клупа кога стасал во болницата, по што паднал и починал. Неговата мајка вели не знае дали воопшто некој му дал кислород.
– Им ја држеле вратата затворена, да не излезат децата, велат родителите на денешниот протестен марш во Кочани.