(видео) Порака од руската Дума: Ќе ги уништиме сите француски војници кои ќе се приклучат на конфликтот

Руските сили ќе ги уништат сите француски војници кои ќе се појават на украинска територија, изјави заменик-претседателот на Државната дума, Петар Толстој. во интервју за француската телевизија BFMTV.

„Ќе ги убиеме сите, не грижете се,“ рече Толстој на чист француски и додаде дека Франција мора да биде свесна за последиците од своите одлуки.

„Идејата за испраќање француски војници во Украина ќе заврши со ковчези покриени со француски знамиња кои ќе пристигнат на аеродромот Орли во Париз. А Макрон нема да дојде да ги земе“, предупреди тој.

„Руската Федерација ‘не се грижи за Макрон и неговите граници’, за кои рече дека не постојат кога станува збор за Украина,“ посочи Толстој, оценувајќи дека ваквите изјави на францускиот претседател изгледаат како поттикнување Трета светска војна.

Пронајдете не на следниве мрежи: