Клодско, град на југозападот на Полска, е погоден од невидено невреме кое уништува делови од централна Европа.
Градот со речиси 30.000 жители е веќе делумно под вода.
Како што пренесува порталот „wyborcza.pl“, граѓаните се очајни бидејќи очекуваат помош која не доаѓа, имајќи ја предвид големината на катастрофата што го снајде југот на Полска.
Локалните власти ги предупредија граѓаните на Клодски за опасноста:
Доаѓа нов поплавен бран, ќе биде метар повисок од претходниот“, се вели во пораката испратена до граѓаните преку Фејсбук.
На жителите од повеќе градови во регионот им се препорачува да бараат засолниште на повисоките катови од зградите и да бидат крајно внимателни.
„Ја загубивме битката. Ситуацијата е критична“, изјави претходно денеска градоначалникот на Клодско.
Клодско не е изолиран случај на уништување на град поради страшно невреме.
На сличен начин настрадаа и местата во Чешка.