Видео: Прастара египетска статуа во британски музеј се движи сама од себе

И персоналот бил зачуден кога забележал дека една од статуетките во музејот се движи сама од себе. Таа во текот на еден цел ден се движи во совршен круг, а навечер мирува.
Ова до сега се нема случено со било која статуа во музејот во Манчестер, ниту пак во било кој друг музеј. Токму затоа и оваа статуетка што не носи конкретно име претставува мистерија и предизвика разни шпекулации во светот.
Статуетката била пронајдена во мал египетски гроб 1800 години пред нашата ера, а приватен колекционер од Британија ја донирал во музејот во Манчестер во 1933 година. Статуата има хиероглифи на задниот дел кои бараат жртва на пиво, леб и животни, што означува стандардна молитва за починатите.
Со децении оваа статуетка не била поместена од својата првична позиција во музејот, но откако пред одредено време била поместена на неколку метри од првичната позиција започнала да се движи. За таа цел од музејот инсталирале камера за да го следат движењето на статуетката, и забележале дека таа се движи само преку ден.
Некои претпоставуваат дека движењата на статуата се предизвикани од движењето на посетителите низ музејот, некои викаат дека е проколната, а за што точно станува збор никој не знае. Сепак, никој не пробал на статуата да и ги даде работите кои ги бара. На пример, никој не и понудил пиво. 
 И персоналот бил зачуден кога забележал дека една од статуетките во музејот се движи сама од себе. Таа во текот на еде

Пронајдете не на следниве мрежи: