(Видео) Преваранти – Изгубени во преводот…

Преваранти – Изгубени во преводот…

Гледам дека откако Фон Дер Лајен ги попари овие храбрите патриоти, целиот ПР на Владата се фати за еден збор, а тоа е англискиот збор „worked on“.

Јас немам Тоефел од месара во Бугарија ама перфектно говорам, пишувам и разбирам англиски.

Фразата „worked on“ не може да значи ништо друго сем „работи на“. Ова фраза никако не може да значи да се разработи. Гледам некои ПР мастермајндови се обидуваат да ја извадат Владата од „shitstorm“ (https://www.merriam-webster.com/dictionary/shitstorm) ама тешко бидејќи како и да го спакуваш гомното е гомно, а бурата од гомна само што почнала.

Фразата која впрочем означува „разработи“ е „work out“ и во контекст би била дадена „work out a solution“ – што означува да се изнајде решение, „workout a way“ – да се изнајде пат или начин итн.

Она кое што го дава како одговор Фон Дер Лајен на прашањето за уставни измени со одложено дејство е цитирам:

„Indeed the constitutional change should be worked on“

„И се разбира треба да се работи на уставнaта измена“

Но поважен е можеби претходниот контекст каде што Фон Дер Лајен на два пати напомена дека уставни измени мора да има. Првиот пат посочувајќи дека тоа е обврска која ја превземала државата и мора да се спроведе, а вториот пат вели „ќе ви помогнеме С Македонија да ја заврши обрската која ја превзема како суверена држава и ќе бидеме со вас на секој чекор од патот“ завршувајќи со горенаведениот цитат.

Ова кое што го правите е нечесно и недипломатски.

Недипломатски е затоа што погрешно толкување на ставовите на било кој странски дипломат, државник или функционер и негово вадење од контекст со цел собирање ситни политички поени дома е спротивно на целиот дипломатски бонтон и сите дипломатски правила и прописи.

Не дека ја жалам Фон Дер Лајен која е класичен европски бирократ, ама најголемата измама е кон народот дома.
Македонецот по кој знае кој пат е излажан од едните исти ликови кои водат политика на купи ден продај надевајќи се дека неговата неинформираност ним ќе им донесе лична и политичка корист.

Вие сте едни обични преваранти.

Пронајдете не на следниве мрежи: