(Видео) Прес-конференција на Јакимовски: Семејството во шок, наместо венчаница снаата и синот од Министерството за правда добиле умреница!

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска во јавноста излезе со документ на неговиот син Дамјан и снаата Сашка.

Имено, тие побарале венчаница, но Матичната служба при Министерството за правда им издала умреница.

„Мојот син и мојата снајка побараа извод од матичната книга на венчани, и истите имаат добиено извод од матична книга на умрени. Денот кога била нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт. Можете ли да замислите овие млади луѓе, годишнината од брак секоја година на што ќе ги потсеќа и во каков шок се наоѓаат“, вели Јакимовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: