Припадниците на специјалните сили снимија видео на годишнината од Диво Насеље: Служевме и ќе служиме со чест, се додека дишеме.
Нивната објава ја пренесуваме во целост во продолжение:
Денес се навршуваат 10 години од деновите што засекогаш ги сменија нашите животи.
Свесно одбравме да одговориме на повикот.
Служевме – и ќе служиме со чест, сè додека дишеме.
Бевме и сме сведоци на најлошото што овој свет може да го понуди.
Нашата должност е да ги заштитиме невините и да се осигуриме дека тие никогаш нема да го доживеат истото.
Решеноста да ѝ служиме на татковината е посилна од кога било.
Оваа земја има потреба од храбри мажи и жени,
подготвени да застанат, да се борат и да ги штитат слободите на невините.
Бојното поле може да се промени – но нашата мисија останува иста.
Никогаш нема да ги заборавиме хероите што ги загубија животите на 9 и 10 мај 2015.
ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО!
Во видеото учествуваат поранешни и активни припадници на единиците.
Со една, јасна порака:
НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА.