(Видео) ПРОТЕСТИ ВО ГРУЗИЈА: Реки од народ излегоа во Тбилиси поради изборните резултати

Реки од народ излегоа во Тбилиси на протестот против изборните резултати.

Десетици илјади Грузијци се собраа на улиците на главниот град поради повикот на претседателката Саломе Зурабишвили да изврши притисок за поништување на изборите одржани во саботата.

Владејачката партија Грузиски сон и изборната комисија се категорични дека резултатот, кој и дава на владата речиси 54 отсто од гласовите, бил слободен и фер.

„Вие не ги изгубивте изборите. Тие ви го украдоа гласот и се обидоа да ви ја украдат иднината, но никој нема право да го стори тоа, а вие нема да дозволите никој да го направи тоа!“, рече претседателката.

Таа вети дека ќе го брани патот на нацијата кон Европа и вели дека нема друга алтернатива. Зурабишвили рече дека официјалниот резултат е доказ за „руска специјална операција — една од новите форми на хибридна војна извршена врз нашиот народ, нашата земја“.

https://x.com/visionergeo/status/1850961294318244226?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1850961294318244226%7Ctwgr%5E573c249c8e3b9ab9f4e07f02c7ab3b50f76ae555%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fvideo-protesti-vo-gruzija-reki-od-narod-izlegoa-vo-tbilisi-poradi-izbornite-rezultati

Пронајдете не на следниве мрежи: