(Видео) Пукање пред израелската амбасада во Минхен, напаѓачот е застрелан

Утрово имало пукање во центарот на Минхен, во близина на нацистичкиот центар за документација и Генералниот конзулат на Израел.

„Во областа Каролиненплац полициските сили пукаа кон сомнително лице и лицето беше погодено“, напиша полицијата на Х. Не се знае во каква состојба е пукано лицето, ниту за кого се работи.

Засега нема информации за можни други осомничени. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа. Сообраќајот е блокиран на местото на настанот.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слушаат бројни истрели.

Германската полиција соопшти дека на социјалните мрежи веќе се шират дезинформации. Тие ги повикаа граѓаните да не учествуваат во ширење лажни информации и да не објавуваат снимки од настани.

Пронајдете не на следниве мрежи: