Родителите на жртвите од Кочани денеска остварија средба со директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. По средбата изјава за медиумите дадоа и родителите и директорот Станков.
– Денеска не прими директорот Александар Станков, не може тој да каже какви се резултатите, мора вештаците да се изјаснат на суд. Направени се анализи за сите наши починати деца, ни објаснија дека сите материјали се дадени во Обвинителство и дека ќе чекаме на вештачењето во судот, изјави Александар Наунов, татко на починатата Надица Наунова.
Истите информации за медиумите ги повтрди и директорот Станков, кој додаде дека не смеат да се споделуваат детали од резултатите поради тоа што истите се дел од доказна постапка и ќе бидат изведени како докази во суд.



