(ВИДЕО) Серија страшни експлозии во Иран, огромен број загинати! Силни детонации одекнаа кај гробот на генерал Сулејмани!

Најмалку 50 лица загинаа во експлозија во иранскиот град Керман, во близина на гробиштата каде што беше погребан поранешниот командант на иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани, јавија денеска иранските државни медиуми.

Според иранската новинска агенција ИРНА, во Керман се слушнале две експлозии, за време одбележувањето на четвртата годишнина од неговото убиство.

На местото на несреќата пристигнале голем број амбулантни возила кои се префрлени во локалните болници.

Сулејмани ги водеше иранските сили Кудс две децении и беше шеф на надворешните операции на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ). Тој беше убиен во американски воздушен напад во близина на Багдад во јануари 2020 година.

Ноќта на 3 јануари Соединетите Американски Држави извршија операција во Багдад за да го убијат Сулејмани, кој беше командант на специјалните сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и заменик-шефот на ирачката шиитска милиција, Абу Махди ал- Мухандис.

Во Вашингтон ги сметаат за вклучени во организирањето на нападот на американската амбасада во Багдад на 31 декември 2019 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.