Голем пожар избувна на градилиште на облакодер во близина на хотелот „Ал Хабтур Гранд“ во Дубаи Марина, јавуваат светските медиуми.
Според информациите, пожарот бил пријавен во 7:06 часот по локално време, а пожарникарите биле на местото на настанот во 7:13 часот.
На пожарникарите им биле потребни речиси два часа за да го локализираат пожарот, во кој, за среќа, нема повредени.




