петок, 27 ноември 2026
Најново

ОЈО со детали за убиството кај Смилковско езеро: Претходела расправија, куршумот завршил во феморалната артерија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 38-годишник, на 21 ноември утрото, на скопската обиколница, кај клучката во близина на Смилковско Езеро, со умисла го лишил од живот оштетениот Един Шкријељ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По расправија која што се одвивала преку телефонска апликација, осомничениот со возилото дошол на наведената локација. Се паркирал наспроти возилото кое го управувал Шкријељ, излегле и продолжиле да се расправаат. Во еден момент, осомниениот извадил пиштол и пукал кон оштетениот. Куршумот го погодил во левата нога, во феморалната артерија и поради голема загуба на крв, оштетениот починал на местото на настанот.

Осомничениот избегал со автомобилот кон селото Сингелиќ, а по пат се ослободил од оружјето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Поврзани вести