На настапот на Александра Пријовиќ во Мостар дошло до пукање, по што настапот бил прекинат, а околу 5.000 луѓе дошле да ја слушаат пејачката. Кога се случил немилиот настан таа била зад сцената поради дождот, а сега проговори за инцидентот.
„Пеевме додека микрофонот и инструментите не престанаа да работат. Благодарам… Мостар“, напиша Александра со видеото кое го објави на својата инстаграм приказна.
„Во 01.50 часот во ресторан во Благај јужно од Мостар било употребено оружје. Две лица се уапсени и започната е увид и се води кривична истрага“, изјави за инцидентот портпаролот на МУП ХНК, Људевит Мариќ, за Аваз.ба.
Погледнете како беше неколку моменти пред инцидентот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.