вторник, 17 ноември 2026
Најново

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна воздушната одбрана над иранската престолнина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата Техранпарс, во североисточниот дел на Техеран, Иран, според неофицијални информации што се шират на социјалните мрежи.

Според истите извештаи, воздушната одбрана е засилено активна над иранската престолнина. На социјалните мрежи се споделува и видео поврзано со настанот, но засега нема независна потврда за неговата автентичност, ниту официјални информации за причината за наводната експлозија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Засега не се познати можната причина за инцидентот, евентуалната штета или дали има повредени.

Информациите остануваат неофицијални и чекаат потврда од релевантните институции и независни извори.

Поврзани вести