(ВИДЕО) Силно невреме во Хјустон, четворица загинати

Поголемиот дел од центарот на Хјустон е преполн со паднати електрични столбови, скршени дрвја, стакло од скршени прозорци, а повеќе од 800 илјади семејства се без струја

Најмалку четири лица загинаа во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, во силно невреме што го зафати градот вчера. Невремето предизвика големи материјални штети и бројни проблеми во енергетскиот систем.

Поголемиот дел од центарот на Хјустон е преполн со паднати електрични столбови, скршени дрвја, стакло од скршени прозорци, сообраќајот е намален, а дел од уличното осветлување е надвор од функција.

„За жал, имаме четворица мртви“,

рече градоначалникот на Хјустон, Дон Витмајер, во интервју за локалната телевизија Фокс 26.

Шефот на пожарникарите во Хјустон, Самуел Пења, повикувајќи се на првичните информации, вели дека едно лице е загинато од кран кој паднал од силниот ветер, а другите два смртни случаи биле предизвикани од паднати дрвја, пренесува Си-ен-ен.

Витмајер рече дека во невремето се нанесени големи штети на стопанските објекти во центарот на градот и дека повеќе од 800 илјади семејства останале без струја.

Училиштата и факултетите во градот, кој има околу 2,4 милиони жители, денеска ќе бидат затворени.

Од снимките објавени на социјалните мрежи може да се види дека од ветрот кој достигнувал брзина до 160 километри на час има разнесени прозорци на висококатници, делумно е урнат ноќен клуб и откорнат е дел од покривот на „Хајат Реџенси“ што предизвикало фоајето на хотелот да се наполни со вода од силниот дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи: