Неколку инциденти во Гелзенкирхен му претходеа на денешниот натпревар помеѓу Србија и Англија на Европското првенство.
На неколку локации срспките навивачи имаа пресметка со албански и англиски навивачи, а во една од нив српските медиуми објавија дека и синот на претседателот на Србија Александар Вучиќ сака да се вклучи во инцидентите, но обезбедувањето не му дозволува.
Дел од јавноста во Србија го осуди ваквото однесување и порачуваа дека еден син на претседател не смее да се однесува на ваков начин.