Приемот по повод 4 јули и 250 годишнината од американската независност во амбасадата на САД помина синоќа помина со разговори и жива музика.
На подиум за танцување можеше да се види и претседателката на државава Гордана Сиљановска Давкова.
Меѓу присутните беше и премиерот Христијан Мицкоски.
Амбасадата сподели видео на својата Фејсбук страна.
„Додека денес ја славиме 250-годишнината од американската независност, се потсетуваме на вечер исполнета со топли разговори, жива музика и подиум за танцување полн со енергија – прекрасен одраз на силните врски, споделените вредности и духот на заедништвото. Ви благодариме на сите што ни се придружија и помогнаа прославата да биде толку незаборавна“, напишаа на својата Фејсбук страна од Амбасадата.
The post (Видео) Сиљановска-Давкова заигра на приемот по повод 4 Јули во Американската амбасада appeared first on Во Центар.



