Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека јасно е оти преговарачката рамка нема да се менува.
„Не говорам јас за промена на преговарачка рамка, мене ми е јасно дека гласале сите, јас зборувам за нејзиното спроведување, со интерпретација. Им го кажав и во Обединетите Нации на сите дека велат дека Преспанскиот договор. Зашто разговараме ние со Бугарија? За историја, за култура, за јазик. Извинете, Грција прво како потписник на Преспанскиот, ама и ЕУ треба да укажат дека нека си разговараат во комисијата историчарите, ама не може тоа да биде причина за вето, за тоа треба добра воља. Не може констутивен фактор да биде МНР Османи“, вели Сиљановска Давкова.