Во текот на ноќта руската армија изврши напад со прецизно оружје врз воздушните бази на украинската армија во регионите Хмелницки и Ровињ, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Вооружените сили на Руската Федерација вечерва извршија групен напад со далечинско прецизно оружје, воздушно и поморско, врз воздухопловните бази на вооружените сили на Украина во областите Староконстантинов, Хмелницската област и Дубно, Ровињската област – изјави на брифинг портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
– Целта на нападот е постигната. Сите посочени цели се погодени – изјави портпаролот.
Покрај тоа, погодени се и хангари со воздухопловна опрема на украинската армија на аеродромот во Запорожје.
Да потсетиме, минатиот месец руските сили извршија напад на аеродромот на 7-та тактичка авијација бригада на украинските воздухопловни сили во Староконстантиново. Тогаш руските воени блогери објавија на Телеграм дека од тој аеродром полетуваат украински бомбардери Сu-24М опремени со британски крстосувачки ракети со долг дострел Storm Shadow.
Пронајдете не на следниве мрежи: