Пелагониските сточари вчера протестираа поради ниската откупна цена. Велат дека разговарале со министерот и бараат да се направат можности да се предаде јагнето, бидејќи веќе е пораснато. Проблем сточарите имаат и со субвенциите, а се доцни и со повратокот за овчари.
– Јас сум со фирма, тројца вработени, плаќам придонеси, јас не ѝ должам на државата ни денар, по никаков основ. Што е проблемот што ние не можеме да си ги земеме нашите пари и да имаме цена што е достоинствена? – прашува еден од сточарите.

Бараме, имавме пресметка со министерството дека 273 денари не чини одгледувањето, бараме, таква цена или државата да надополни ако веќе ги продаваме за 220 денари, истакнаа сточарите.

Во Пелагонискиот регион има прераснато околу 70% од јагнето, сега не условуваат да биде тоа за поевтина цена, може и ќе ни ги вратат, со тие јагниња може само за приплод да се остават, кој можен, кој не тоа е, вели друг сточар.

Министерот не даде дозвола за извоз во Албанија, Косово, Бугарија, вели еден од сточарите. Имаат некакви интереси, ама не знам какви, велат луѓето.

Кај да ги носиме јагнињата? Кланиците ги враќаат, откуп нема, плата не земаме, субвенции немаме, од што ние да живееме? – прашуваат сточарите.