Струмица застанува рамо до рамо со Кочани. – објави на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по средбата со В.Д градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.
– Солидарна Струмица
Јас и моите струмичани сеуште сочувствуваме и тагуваме за жртвите во Кочани, а од денеска и подадовме рака за институционална помош и пренесување на нашето искуство и знаење на Општината.
Со в.д градоначалникот Венко Крстевски денеска потпишавме Меморандум за соработка и ги понудивме сите наши можности и потенцијали за помош на Општина Кочани по што ќе следува и предлог до Советите на двете општини за меѓуопштинска соработка.
На средбата присуствуваа и вработените во Секторите за урбанизам, инспекциски служби, локален економски развој и во стационарот „Лана“ од општина Струмица кои на градоначалникот Крстевски му ги споделија искуствата од своите области со што и ги поставивме контурите на меѓуопштинската соработка.
Од трагедијата во Кочани не може само да тажиме и жалиме, туку треба и да научиме нешто, да измениме, за никогаш повеќе да не се повтори.
Му благодарам на градоначалникот на Кочани што ги препозна нашите вредности и несебично и од срце нудиме помош за Кочани и неговите граѓани. – напиша Костадинов на Фејсбук.