Американскиот новинар Такер Карслон на социјалната мрежа „Х“ објави дека допатува во Москва на интервју со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Карлсон додаде дека интервјуто ќе биде објавено наскоро и дека е исклучително интересно.
Карлсон во соопштението нагласи и дека американската амбасада во Киев не дозволила Володимир Зеленски да биде интервјуиран од новинар.
„Повеќе од една година се обидуваме да направиме интервју со Зеленски. Се обидовме да пристапиме од различни страни, разговаравме со многу луѓе од неговата околина. Постојано го разгледувавме, но американската влада се спротивстави на тие напори“, изјави Карлсон.
Тој истакна дека на Зеленски му било дозволено да разговара со Си-Ен-Ен, но не и со него.
Американскиот новинар додаде дека граѓаните на САД не ја знаат целата ситуација, бидејќи немаат пристап до информации.