Видео: Тивкиот херој на трагедијата, Јован Костадинов, со аплауз пречекан во Виница

еветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од хероите од големиот пожар во Кочани, а утрово тој се врати на училиште по поминати неколку дена на Токсикологија. Соученици, професори и граѓани во дворот на гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница со аплауз и прегратки му се заблагодарија за неговиот хуман гест.
Имено, ноќта на трагичниот настан Јован без двоумење влегол во опожарениот објект и успеал да спаси повеќе од 20 деца, откако претходно ја натопил маицата со вода и ја ставил на лицето да се заштити од огнот пред да тргне во херојскиот подвиг.
Младиот Јован исто така беше еден од повредените, а утрово е пуштен од болничко лекување.
Во пожарот кој се случи во неделата рано наутро во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 млади животи, а над 200 се повредени.

The post Видео: Тивкиот херој на трагедијата, Јован Костадинов, со аплауз пречекан во Виница appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: