(Видео) Тивок марш во Штип за жртвите од пожарот во кочанската дискотека

Вечерва во Штип се одржа собир на кој им беше одадена почит на загинатите во страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“.

Стотици млади луѓе прво молкум стоеја во центарот на градот со подигнати транспаренти. На дел од нив пишуваше – „На кој погреб попрво да одиме“, „Непребол“ и „Младината гори“. Во рацете држеа слики на дел од жртвите.

Потоа насобраните граѓани одржаа марш во тишина по штипските улици.

Во Штип и вчера се одржа мирна поворка на која, според истакнатите транспаренти, граѓаните жалеа по настраданите, но побараа правда и одговорност.

Пронајдете не на следниве мрежи: