Убавата девојка со наочари се гушкала на железничката со трите другарки, пишува Телеграф.
Долго се гушкале, се поздравувале, а една од нив дури и заплакала. Тоа беа измешаните емоции што имавме можност да ги видиме вчера. Толку млада, а сепак свесна за ситуацијата во која се нашла нивната пријателка, која буквално била на секунди од сигурна смрт.
-Јас сум девојката од видеото која успеа да се извлече од под настрешницата која се наоѓа на влезот во зградата на станицата. Бев буквално 20 секунди од смртта. Само што се преместив и сè се сруши. Беше нешто незамисливо – вели во еден здив девојката која ја прегрнаа нејзините пријателки додека се присетуваше на оваа морничава сцена.
– Преживеав и отидов подоцна да се помолам на Бога во манастир и да му се заблагодарам што сега сум жива. Ова ќе го прославам како нов роденден, денот кога преживеав – рече таа невино и скромно и се уште во шок од сѐ што преживеа.
Како и многу нејзини врсници и сограѓани, таа го чекала автобусот пред станицата и само сакала да си оди дома. Успеа да преживее, жива и здрава се врати кај родителите, роднините и пријателите, за жал има и такви чии животи завршија под тие бетонски урнатини кога се урна настрешницата тешка десетици тони.
Да потсетиме, во петокот, неколку минути пред пладне, се урна настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, при што беа затрупани патници кои чекаа превоз. Повеќе од 80 спасувачи работеа вредно и храбро за да ги спасат повредените и жртвите во текот на целиот ден. За жал, загинаа 14 лица, меѓу кои и деца. Оттогаш, Нови Сад е во жалост веќе три дена, а вчера беше прогласен Ден на жалост низ целата земја поради невидената трагедија.
Ова се загинатите во несреќата:
Котур Немања (17) од Степановиќево
Руман Анѓела (20) од Стара Пазова
Ѓорѓе Фириќ (53) од Ковиље
Фириќ Валентина (9) од Ковиљи
Фириќ Сара (5) од Ковиље
Адамовиќ Милица (16) од Каќ
Милева Карановиќ (76) од Каќ
Арбутина Ќириќ Сања (35) од Каќ
Хрка Стефан (27) од Белград
Милосављевиќ Милош (21) од Книќанин
Швоња Ѓуро (77) од Степановиќево
Раковиќ Вукашин (69) од Буковац
Васко Саздовски (45) од Македонија
Раца Горанка (58) од Нови Сад