Тошковски не одговори конкретно на ниту едно од ненарачаните прашања на новинарите!

Вчера објавивте соопштение дека полицијата затворила два локали во полошко, по различни основи, финансиска недисциплина, немале елаборати, итн. На 21.12.2024 година овој локал бил пломбиран од УЈП, продолжил да работи другиот ден, полицијата не реагирала, а гледаме од полошко дека можела да реагира и да ги затвори објектите. Не гледате вие никаква одговорност кај актуелните полициски функционери иако продолжил, знаеле дека продолжил да работи?

Проверивте во УЈП кој му дозволил да продолжи да работи без никаква активност, до сега гледаме осомничени од претходно, а и сам знаете дека одговорноста почнува од тој што е моментално на функција.

– Не би се сложил дека актуелни вработени во рамки на МВР на одредени позиции или од други институции не се дел од осомничените, или пак не се дел од истрагата. Во однос на сите дејствија кои се предмет на истрагата, или на постапката, во моментот кога ќе можеме да го споделиме со јавноста, ќе го објавиме, истакна Тошквски кој додаде дека Обвинителот сепак го има главниот збор во целата постапка.

Новинарите го прашаа Тошковски и за изјавата на Коцевски кој истакна дека поранешнот директор на ДПИ е приведен заедно со инспектори на ДПИ, бидејќи не извршиле инспекциски надзор, дали тоа значи дека актуелниот директор извршил затоа што не е де од постапката, на што Тошковски одговори:

– Во изминатиот период од страна на јавноста беа отворани многу прашања со кривично-правниот настан, добро е што јавноста е будна, но институциите мора темелно, законито и професионално да си ја сработат работата, па подоцна ќе се открие кои лица се поврзани.

Новинарите го прашаа Тошковски и дали премиерот Мицкоски може со своите изјави да ѝ наштети на истрагата, на што исто така Тошковски не одговори конкретно.

Погледнете ги прашањата во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи: