(Видео) Трагедија во Косово: Две девојчиња загинаа, приведено едно лице

Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот Домороц-Ходоноц во општина Ранилуг, при што животот го загубиле две девојчиња, а едно е тешко повредено.

Според надлежните настанот првично бил пријавен како несреќен случај, но истрагата констатирала дека се работи за сообраќајна несреќа во која учествувало и камион.

Поради контрола на подрачната единица за патна комуникација, увид на местото на настанот, преглед на камери и прибирање други докази, со решение на државен обвинител се сомнева дека не се работи само за несреќен случај, туку за сообраќајна незгода во која камион, со косовски таблички, управуван од возач од Косово (55), кој со небезбедно свртување го попречил движењето на автомобилот.

– Согласно решението на државниот обвинител, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, додека телата на жртвите се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина. Околностите за оваа сообраќајна незгода продолжуваат да ги истражуваат полициските истражители во соработка со државното обвинителство – стои во полициското соопштение.

Погледнете го видеото на линкот.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.