Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според него, дошло време Украина да добие нов претседател.
„Предлагам да добијат нов лидер кој може да постигне договор, бидејќи можеше да постигне многу договори, но од некоја причина никогаш не го прави тоа“, рече Трамп пред новинарите.
Тој додаде дека војната меѓу Русија и Украина, според него, воопшто не требало да започне.
„Да бев јас претседател, оваа војна никогаш немаше да започне. Немаше причина да започне војната меѓу Украина и Русија. Таа започна поради неспособност“, рече Трамп.
Тој се осврна и на последиците од војната, наведувајќи дека Украина изгубила голем дел од својата територија и дека бројот на загинати е огромен.
„Тоа е војна што никогаш не требаше да започне. И мислам дека е време Украина да добие нов претседател“, порача Трамп.



