(ВИДЕО) Тренер од Косово шамараше 8-годишна теквондистка затоа што загуби од Србинка!

Во Тирана се одржува Европското првенство во таеквондо за деца на кое е забележана крајно вознемирувачка сцена.

Имено, тренерот на 8-годишната девојка од Косово, Валина Фетиу, се однесува агресивно и ја удира со шлаканици после поразот во финалето од Србинката Нина Савиќ.

Тој прво насилно ја тегнеше, ѝ ја извади кацигата и ја удри со шамар. Девојчето почна да плаче, една од судиите дојде кај неа и ја прегрна.

Се појави информација дека тренерот добил шестмесечна суспензија.

Пронајдете не на следниве мрежи: