Нема вода, а тоалетот кој го користат 60 лица е рѓосан и нечист, се жалат затвореници од затворот во Куманово.
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа и снимки од состојбата во затворот, која е загрижувачка имајќи предвид дека таму се сместени осуденици со полесни кривични дела, бидејќи се рботи за отворено одделение.
Затворениците си чуваат вода во садови, за да имаат кога ќе снема, а на снимката можете да ги видите и старите и дотрајани чешми, цевки, рѓосани делови…
Ниту храната не е нешто подобра, за јадење затворениците добиваат колбас и варено јајце, за што исто добивме фотографија.
Инаку, осудениците кои престојуваат во отвореното одделение се осуденици со полесни кривични дела и помали затворски казни, кои доколку го почитуваат куќниот ред добиваат можност да работат и излегуваат од затворот за викенди, празници и слично.